Вардар по сензација во „Веспрем Арена“

Од:

Ракометарите на Вардар попладнево во Веспрем против унгарскиот шампион Веспрем го играат ревнаш дуелот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. За да се пласираат на завршниот турнир во Келн, „црвено-црните“ ќе треба да направат сензација односно да го совладаат Веспрем на негов терен. Унгарскиот тим оваа сезона нема пораз дома, а на првиот дуел пред седум дена во Скопје победи со три разлика (29:26).

На ракометарите на Вардар им е јасно дека само со максимален пристап и со искористување на создадените шанси ќе можат да стигнат до посакуван резултат, иако фаворитската улога им ја препуштаат на домашните ракометари. Тренерот Раул Гонзалез на ова гостување го има комплетниот состав, откако повредите ги залечија Филип Лазаров и Александар Дереван.
Почетокот на дуелот е во 17:30 часот.

Вечерва од 18:30 часот се игра уште едно четвртфинале Барселона е домаќин на Кил, кој победи на првиот дуел со 29:24. Овој натпревар го судат македонските судии: Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Утре се игра последното четвртфинале меѓу ПСЖ и Загреб. На првиот натпревар победи ПСЖ со 28:20.

Екипата на Киелце е првиот полуфиналист оваа сезона во Лигата на шампионите откако во четвртфиналето беше поуспешен од Флензбург.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ