Македонскиот ракометен првак Вардар денеска игра значаен натпревар со Пик Сегед, во претпоследното коло од групата Б во ЕХФ Лигата на шампионите.
Со евентуална победа Вардар ќе дојде многу блиску до третото место во групата, а во спротивно ќе биде тешко да го избегне петтото место, што значи условно потежок противник во следната фаза.
– Овој натпревар е многу, многу важен, можеби и најважен во сезоната затоа што ни зависи пласманот за понатаму. Ако загубиме, најверојатно ќе одиме на Кил во осминафиналето, што е многу тешко, затоа сите сме свесни дека мора да влеземе на теренот максимално спремни и тактички и психолошки. Свесни сме за тежината на натпреварот, па се надевам на најдобар резултат, изјави столбот на одбраната на „црвено-црните“ Илија Абутовиќ.
Вардар ќе влезе во натпреварот со 14 бода, еден помалку од Пик Сегед и од Рајн-Некар, кои се трети и четврти.
Почетокot е во 17 часот и 30 минути.