Вардар му изрече едномесечна суспензија и парична казна на голманот Милиќ

Од:

Македонскиот ракометен вицепрвак Вардар поради недолично однесување и пијанство за време на престојот во српската репрезентација го казни својот голман Страхиња Милиќ.

– Во врска со последните случувања во ракометната репрезентацијата на Србија, чиј член беше и голманот Страхиња Милиќ, ракометниот клуб Вардар смета дека однесувањето на нашиот член не е во согласност со спортскиот кодекс, иако тоа се случило надвор од теренот. Без оглед што се работи за натпревар во кој клубот не е вклучен, а бидејќи Милиќ е член на Вардар, сметаме дека со однесувањето истовремено го претставува клубот надвор од Македонија. Почитувајќи ги клупските правилници, Вардар му изрече временска суспензија од еден месец на Милиќ, и парична казна согласно клупските правилници поради ваквото однесување, со надеж дека истата ќе влијае позитивно на негово однесување во иднина, како на негов, така и на другите членови на екипата, се истакнува во информацијата на веб страната на РК Вардар.

Милиќ на крајот од минатиот месец беше отстранет од репрезентацијата на Србија, бидејќи се вратил рано изутрина во хотелот во алкохолизирана состојба. 

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он