Вардар му гостува на ППД Загреб во СЕХА лигата

Од:

Ракометарите на македонскиот првак Вардар попладнево имаат тешко гостување во рамките на СЕХА лигата.

Во Вараждин тие за ривал го имаат хрватскиот првак ППД Загреб екипа од која загубија натпревар сезонава од Лигата на шампионите.

Загреб во саботата на теренот во Вараждин го совлада шампионот Веспрем и покажа дека смената на тренерот е во добра форма. Воедно оваа екипа со два натпревара помалку има десет бодови помалку од Вардар и со евентуална победа ќе има шанса да се пробие на второто место на табелата.

Вардар е единствената екипа во СЕХА лигата без пораз.

Покрај овој дуел денеска играат и Татран Прешов – Веспрем.

Табела: Вардар 35 бодови, Мешков Брест 26, ППД Загреб 25, Веспрем 23, Цеље 21, Горење 12, Татран Прешов 10, Нексе 9, Металург 7, Извиѓач 3.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он