Ракометарките на Вардар Јуниор го остварија најголемиот успех на европска сцена пласирајќи се во 1/16 финалето на Челинџ купот, откако двапати го победија тимот на Лондон ејнџелс.
Во реваншот ракометарките на Вардар јуниор победија со 35:17 (22-6).
Поради високота предност на полувремето, како и победата на првиот дуел, во второто полувреме можност за настап добија ракометарките од клупата.
Иако двата натпревари од 3.коло се играа во Скопје, Вардар јуниор покажа дека има квалитет да се справи и со тимови како Лондон, каде настапуваат играчи од Унгарија, засилени со две ракометарки, една од Романија, една од Словачка.
Следен противник на Вардар јуниор во 1/16 финалето на Челинџ купот ќе биде една од екипите што беа слободни во оваа рунда: Сокол Поруба (Чешка), Гран Канарија (Шпанија), Вирто (Холандија), Старт Елблаг (Полска), Војводина (Србија), Кастамону (Турција) и Карпати (Украина).
Жрепката ќе се одржи во вторник.