Ракометарките на Вардар Јуниор утре и задутре на домашен терен ги играат двата натпревара со англиската екипа Лондон „Ејнџелс“ во рамките на 3. коло од Челинџ купот.
Тренерот на вардарки Симе Симовски на денешната прес-конференција рече дека неговите избранички се подготвени да одиграат добар натпревар.
– Немаме многу информации за противничката екипа. Во составот имаат Унгарки и по една ракометарка од Словачка и од Романија, а тренерот им е од Унгарија. Барам сериозен пристап од моите ракометарки. Имаме мотивација за добар натпревар. Треба да играме цврсто во одбраната и смирено во нападот. Не би сакал да сум фаворит, но се надевам дека ќе успееме да го минеме противникот, истакна тренерот на „црвено-црните“ и селектор на македонската репрезентација.
Ккапитенот Маја Трпковска очекува уште една победа во серијата добри резултати на свој терен.
– Не треба да се потцени противникот и се надевам дека ќе ја продолжиме серијата победи што ги имаме на „домашен терен“.
Средбите Вардар Јуниор – Лондон „Ејџелс“ се играат во СЦ „Јане Сандански“ и двата со почеток во 18 часот.