Вардар игра за пласман во полуфинале

Од:

Македонскиот ракометен шампион Вардар попладнево го игра еден од најважните натпревари од клупската историја. „Црвено-црните“ во Скопје го пречекуваат бундеслигашот Фленсбург, а противникот има предност од два гола (24:22) од првиот дуел. Вардарци се надеваат дека со помошта од навивачите ќе успеат да се пласираат на „фајнл фор“ турнирот во Лигата на шампионите што ќе се игра во Келн.

Вториот македонски претставник во елитното натпреварување, Металург втора сезона од квалификациите стугнува до четвртфиналето. Извесно е дека  бундеслигашот Кил ќе оди понатаму, а на нашиот претставник по десетте голови негатива од првата средба му преостанува да се прикаже во подобро светло на реваншот во Германија.

Македонец ќе има и на дуелот Барселона и Рајн Некар. Капитенот на македонската репрезентацијата Кире Лазаров со соиграчите од шпанскиот шампион ќе имаат задача да надополнат седум голови од првиот натпревар.

Реванш четвртфинални двојки во ракометната ЛШ: 

денес 17 часот: Вардар – Фленсбург (22:24 прв натпревар),
денес 16 часот: Веспрем – ПСЖ (28:26),
денес 20:15 часот: Барселона – Рајн Некар (31:38)
утре 14:15 часот: Кил – Металург (31:21).

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он