Вардар и Загреб го играат четвртото полуфинале во СЕХА лигата

Од:

Ракометарите на Вардар и на Загреб попладнево во Брест, Белорусија по четврти пат ќе играат меѓусебе во полуфиналето на завршните турнири од СЕХА лигата, инаку имаат одиграно уште два натпревара (едно финале и еден дуел за трето место). Македонскиот шампион Вардар има три победи во полуфиналните натпревари (на сите дуели), додека Загреб има две победи (финалето 2013 година и дуелот за третото место 2015 година). Ова се единствените два тима кои учествувале на сите шест завршни турнири сметајќи го и годинашниов.

Дуелот Вардар – Загреб е првото полуфинале на Ф4 турнирот во Брест и почнува во 17:30 часот, додека во второто полуфинале ќе играат шампионот Веспрем и домаќинот Мешков Брест. Почетокот на овој натпревар е во 20 часот.

Титулата ја брани унгарскиот првак Веспрем, додека Вардар натпреварите од регуларниот дел на шампионатот ги заврши како првопласиран

Би можело да ве интересира

Загреб прв финалист на Ф4 во СЕХА-лигата

Ана Ололовска

Вардар ќе игра на завршниот турнир во СЕХА-лигата

А1он

Вујовиќ: Во Загреб одиме на победа, нема да калкулираме со предноста од Скопје

А1он

Вујовиќ: Предноста од четири гола е убава, но ништо не е решено

Ана Ололовска

СЕХА: Вардар 1961 обезбеди четири голови предност за ревашот во Загреб

А1он

Бабиќ: Одговорноста за поразот од Мешков Брест е моја

Ана Ололовска