Со натпреварот меѓу Вардар и Прилеп што се игра попладнево во СЦ „Јане Сандански“ (мала сала) ќе стартуваат натпреварите од 5. коло од плеј офот од Супер лигата. За „црвено-црните“ ова ќе биде трет натпревар во три дена откако претходно постигнаа две победи во одложените дуели со Металург и Макс Струмица. Почетокот на натпреварот е во 17 часот.
Утре во терминот од 19:30 часот играат Охрид и Работнички, двете екипи кои досега немаат освоено бод, а последниот дуел од ова коло се игра во недела од 12 часот Металург е домаќин на Макс Струмица во салата во Автокоманда.
Табела: Вардар 12 бода, Металург 9, Макс Струмица 9, Прилеп 6, Охрид 0, Работнички 0.