Вардар гостува во Белорусија, Металург во Словачка во СЕХА лигата

Од:

Македонските ракометни екипи денеска ги играат последните натпревари во календрската 2016 година во СЕХА лигата. Шампионот Вардар гостува кај Мешков Брест во Белорусија, додека вицепрвакот Металург ќе игра на теренот на Татран Прешов во Словачка.

Вардар во натпреварот одигран во Скопје не успеа да победи и тој дуел со белорускиот првак заврши со резултат 34:34, но во групата од Лигата на шампионите оствари триумф 31:27.

И Металург е во слична ситуација, шампионот на Словачка им е ривал и од групата од ЛШ. На дуелите одиграни сезонава во Скопје, Металург победи 27:21 (СЕХА) и 26:20 (ЛШ), додека дуелот во Словачка од ЛШ заврши со победа на Татран од 28:22. Металург вечерва ќе настапи ослабен без болниот Филип Талески и Марко Нелоски, кој е повреден.

Попладнево се игра уште еден натпревар меѓу Извиѓач и Веспрем.

Почетокот на натпреварот Мешков Брест – Вардар е во 15:30 часот, додека дуелот Татран Прешов – Металург почнува во 20:30 часот.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ