Ракометарите на СЕХА шампионот Вардар попладнево го играат натпреварот од 7. коло од СЕХА лигата и гостуваат кај лидерот на табелата унгарски Веспрем.
И двете екипи досега имаат подиграно по три натпревари и имаат постигнато по три победи. Почетокот на дуелот е во 16 часот.
Вториот наш тим во оваа лига македонскиот првак Металург вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ го пречекува тимот на Раднички.
Почетокот на дуелот е во 20:15 часот. Ова е натпревар од второто коло.
На чело на табелата се Веспрем и Вардар со по 9 бодови, додека Металург е во групата екипи кои имаат по 3 бодови.