Вардар гостува кај шампионот на СЕХА Веспрем

Од:

Македонскиот ракометен првак Вардар попладнево гостува кај првакот на СЕХА лигата унгарски Веспрем.

Ова ќе биде прв натпревар за двата тима во пресрет на дуелите од Лигата на шампионите што ги очекуваат во текот на викендот. „Вардарци“ по настапите за своите репрезентации собирот го имаа во Виена, а во Скопје поради повреда на скочниот зглоб остана голманот Петар Ангелов и ќе го очекува натпреварот со Барселона (на гости).

Во ланската сезона од СЕХА лигата Веспрем и Вардар остварија по една победа, додека унгарскиот тим беше поуспешен во меѓусебните дуели бидејќи имаше две победи во Лигата на шампионите.

Натпреварот Веспрем – Вардар почнува во 18 часот.

Двата тима имаат по шест победи и 18 бодови, но Веспрем е со максимален учинок, а Вардар има два пораза.

Табела: Татран Прешов 21 бод, Весперм 18, Мешков Брест 18, Загреб 18, Вардар 18, Нексе 12, Спартак 7, Војводина 5, Макс Струмица 2, Борац 1.

Би можело да ве интересира

Хрватите и Македонците казнети за фрлањето предмети на мечот со Холандија

Предраг Петровиќ

Спектакл во Вараждин: Македонија и подари бод на Унгарија

Горан Наумовски

ЕХФ: Франција и Германија ќе бидат домаќини на Европското првенство во ракомет во 2032 година

Србија остана без двајца селектори во ист ден

Горан Наумовски

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир