Во првото градско дерби сезонава Вардар го победи Металург минимално со 25:24 и ја запиша деветта победа по ред во меѓусебните натпревари и четврта во регионалната ракометна СЕХА лига.
Металург кој на овој дуел ја имаше улогата на домаќин, во последниот напад преку Печенковски упати удар за изедначување, но голманот Петар Ангелов одбрани и им донесе победа на „црвено-црните“.
Во домашниот тим се истакнаа голманот Дарко Арсиќ со 15 одбрани и Филип Талески со пет погодоци, додека кај Вардар и воедно на натпреварот најефикасен беше Алекс Душебаев со седум гола, Петар Ангелов запиша 11 интервенции.
Во следното коло во Скопје гостува бранителот на трофејот Веспрем. Прво в сабота кај Вардар, а ден потоа унгарскиот тим игра со Металург.