Вардар го промовираше Јака Малус

Од:

Екипата на Вардар 1961 промовираше нов играч за следната сезона за позицијата централен бек.

Сериозно засилување доаѓа во Скопје, тоа е словенечкиот ракометар Јака Малус (28), поранешен ракометар на Мешков Брест, Синфин, Гепинген, а во актуелната сезона како повратник во Словенија игра а екипата на Слован, екипа составена за освојување на титулата.

„Голема честа ми е што станувам дел од еден од најголемите ракометни клубови во регионот – РК Вардар. Свесен сум за традицијата, амбициите и очекувањата што ги носи овој клуб. Ќе ми биде посебна гордост да го носам црвено-црниот дрес и да го претставувам клубот со толку богата историја и верна армија навивачи. Доаѓам подготвен да го дадам својот максимум, како на теренот така и надвор од него, и заедно со тимот да придонесам за нови успеси. Благодарен сум за укажаната доверба и се радувам на сè што нè очекува во наредниот период, изјави Јака Малус при потпишувањето на договорот.

Би можело да ве интересира

Извадено e женско тело од водите на Вардар

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Катерина Ѓуровски

Критично ниво на реките: Треска четири, а Вардар два и пол пати над просекот

Катерина Ѓуровски

Хрватска ја победи Словенија и се приближи до полуфиналето на Европското првенство

Македонија и Португалија одиграа нерешено во драматичен ракометен дуел