Ракометарите на Вардар ја остварија петтата победа сезонава во СЕХА лигата, откако синоќа го совладаа Татран со 38:21 (20:13).
По одличната игра од пред неколку денови во Словенија, против Целје, вардарци уште еднаш ја повторија добрата игра во одбрана и ефикасноста во нападот.
Еден од јунаците на мечот секако беше голманот Страхиња Милиќ кој имаше 15 успешни одбрани плус два седмерци.
Со новите бодови Вардар останува на првото место на табелата во СЕХА лигата, и мирно ќе го дочека патувањето во Шведска кај Крстијанштад во рамките од првото коло на Б групата од лигата на шампионите.
Тренерот Раул Гонзалез има даде шанса на сите да се запишат во листата на стрелците.
Татран беше убедливо совладан, иако во состав на Раул Гонзалес ги немаше Мијајло Марсениќ, Петре Ангелов и Тимур Дибиров. Шанса да играат добија Владо Недановски и Мартин Поповски.
Алекс Душебаев и Александер Деревен со по пет погодоци.
Табела: Вардар 16 бода (6 натпревари), Веспрем 9 (4), Целје 9 (5), Мешков Брест 7 (4), Загреб 6 (3),…