Вардар го победи Борец и се проби во горниот дел на табелата во ПМФЛ

Од:

Во првиот натпревар од 12. коло од Првата македонска фудбалска лига, Вардар попладнево во Велес го совлада Борец со 2:0. Стрелци на головите беа Јован Попзлатанов и Матеј Цветаноски во последните десетина минути, откако домаќините не реализираа неколку убави шанси. Со оваа победа, Вардар стигна до 16 бода и се најде во првата половина на табелата.

Другите натпревари од ова коло се играат утре. Двојките се:

Академија Пандев – Пелистер
Работнички – Македонија ЃП
Шкендија – Шкупи
Силекс – Беласица
Струга Трим Лум – Ренова.

Табела: Шкендија 25 бода, Шкупи 23, Македонија ЃП 22, Борец 19, Струга Трим Лум 16, Вардар 16, Силекс 14, Работнички 13, Пелистер 12, Ренова 8, Академија Пандев 7, Беласица 5

Би можело да ве интересира

Со два дрона се трага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

Горан Наумовски

Јовчески: Повреденото дете кај Рашче наскоро ќе замине на домашно лекување

Горан Наумовски

Познат е идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче

Една од починатите жени го управувала возилото кое синоќа падна во Вардар

Голема потрага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

Извлечено е возилото кое падна во Вардар, од него се извадени тела на три женски лица