Ракометарите на Вардар денеска во Виена ќе го добијат противникот за четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Вардарци и минатата сезона играа во оваа фаза кога за малку не успеаја да го победат Флензбург, екипа која потоа ја освои шампионската титула.
Вардар се наоѓа во вториот „шешир“ заедно со екипите на ПИК Сегед, Загреб и ПСЖ, а потенцијални ривали се екипите од првиот „шешир“: Барселона, Киелце, Кил и Веспрем.
Во оваа фаза од натпреварувањето нема ограничување, па може да се случи двете унгарски екипи да играат меѓусебно.
Првите натпревари од четвртфиналето ќе се играат во терминот од 8-12. април, а реванш дуелите од 15-19. април.
Победниците од дуелите ќе изборат учество на завршниот турнир во Келн.
Почетокот на извлекувањето на двојките ќе се изврши во 11 часот и 30 минути.