Дерби натпреварот од 7. коло во Првата македонска фудбалска лига, кое се одигра во Битола, му припадна на шампионот Вардар кој минимално со 1-0 го победи Пелистер.
Дуелот на „Тумбе Кафе“ го реши Дејан Блажевски со голот постигнат во 30-тата минута од натпреварот.
На останатите средби кои се играа денеска.
Лидерот на табелата Шкендија на гостувањето во Автокоманда, иако губеше од Скопје, сепак благодарение на головите на Ибраими и Хасани, тетовци стигнаа до победа од 2-1.
Гостинска победа забележа и екипата на Академија Пандев која со 2-1 го победи Работнички.
Единствено предноста на домашниот терен ја искористи Силекс кој во Кратово со голот на Кристијан Филиповски (53-минута) ја совлада прилепска Победа со 1-0.
Во првиот меч од ова коло вчера Ренова и Шкупи одиграа без голови 0-0.
Табела: Шкендија 19 бодови, Академија Пандев 14, Вардар 13 (-1), Шкупи 11, Силекс 9, Пелистер 8, Ренова 6, Работнички 5 (-1), Победа 5 и Скопје 2.