Вардар домаќин на ППД Загреб во дербито од СЕХА лигата

Од:

Македонскиот шампион Вардар попладнево е домаќин на хрватскиот првак ППД Загреб во дерби дуелот на регионалната ракометна СЕХА лига.

„Црвено-црните“ кои се на четвртото место на табелата, имаат два бода помалку од денешниот противник Загреб. Хрватската екипа има и еден натпревар помалку.

Од таборот на Вардар најавуваат атак на трите бодови, а воедно и реванш за поразот кој го претрпеа на гостувањето во Загреб кога загубија со 30:25.

Натпреварот ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 17 часот 45 минути.

Вчера, беа одиграни три средби. Макс Струмица го претрпе и десеттиот пораз и тоа на гостувањето во Нови Сад кај Војводина со 30:25.

На останатите два натпревари: Мешков Брест – Веспрем 25:37  и Борац – Спартак 28:24.

Табела: Татран Прешов 27 бодови (11 одиграни натпревари), ППД Загреб 24 (9), Веспрем 22 (8), Вардар 22 (10), Мешков Брест 21 (11), Нексе 15 (11), Војводина 11 (13), Борац 10 (12),Спартак 7 (13) и Макс Струмица 2 (12).

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он