Вардар домаќин на Металург во СЕХА дуел со хуманитарен карактер

Од:

Вардар го пречекува Металург во македонскиот дуел од регионалната СЕХА Газпром лига во последниот натпревар за „црвено-црните“ на домашен терен во 2017 година.

Тренерот на вардарци Раул Гонзалес очекува неговиот тим на теренот да ја потврди фаворитската улога.

– Ова е дерби со Металург. Мислам дека ќе биде добар меч, зашто секогаш меѓу овие две екипи има добар натпревар. Ние не знаеме кој ќе игра, Карачиќ и Абутовиќ беа повредени, па че го чекаме последниот тренинг. Очекувам интензивен меч како и секогаш. Очекувам публиката да биде во сала. Ние сме фаворит, но треба и така да се однесуваме.

Натпреварот ќе има хуманитарен карактер. Приходот од продажбата на билетите од натпреварот ќе бидат наменети за операција за Борче Јовановски (16) кој мора итно да замине на операција во странство.

Повик до навивачите да дојдат во што поголем број и да му помогнат на Борче испрати капитенот Стојанче Стоилов.

– Градско дерби и меч со посебен карактер. Мислам дека ќе биде интересен како и сите досега. Верувам дека нема да ја разочараме публиката. Мечот ќе има и хуманитарен карактер. Се надевам дека ќе дојдам повеќе навивачи за да му помогнеме на Борче Јовановски.

Натпреварот Вардар – Металург е закажан за в сабота во 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански”. Билетите за натпреварот се пуштени во продажба преку продажната мрежа на www.ticketplus.mk. Цената е 50 денари.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ