Ракометраките на ЖРК Вардар попладнево го играат последниот натпревар на домашен терен од групата 2 од Лигата на шампионите. Во Скопје ќе гостува европскиот шампион Будуќност.
Вардар нема победа во сите досегашни дуели со црногорскиот тим. Евентуален триумф денеска за „црвено-црните“ значи задржување на шансите за второто место во групата, под услов во последното коло да победат на гостувањето кај Савехоф, а Букурешт дома го победи унграски Ѓер.
Натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ почнува во 17 часот и 30 минути.
Денеска покрај дуелот ЖРК Вардар – Будуќност играат и Митјиланд – Букурешт.
Табела: Будуќност 13 бодови, Ѓер 13, ЖРК Вардар 10, Букурешт 7, Митјиланд 5, Савехоф 2.
Во групата 1 комплетирано е 9.коло: Баја Маре – Турингер 38:27, Ростов – Флери 38:21, Ларвик – ФТЦ 37:31.
Табела: Ростов Дон 17, Ларвик 10, Баја Маре 10, ФТЦ 10, Флери 6, Турингер 1.