Европскиот и македонски ракометен шампион Вардар, саботниот натпревар од 2. коло од Лигата на шампионите против Нант во Скопје ќе го игра без бекот Игор Карачиќ. Хрватскиот интернационалец има повреда на скочниот зглоб на левата нога.
Повредата сигурно ќе го одвои од теренот за овој дуел, а прашање е колку ќе трае неговото отсуство. За саботниот натпревар неизвесен е и настапот на голманот Страхиња Милиќ.
Вардар во првото коло од Лигата на шампионите на гости ја победи Висла со 26:22.