ВАР технологија: Хрватска почнува, Србија и БиХ го чекаат последниот воз

Од:

Ал Џезира Балкан – Сараево

Беше гол, не беше гол, беше пенал, не беше пенал… Сите фудбалски расправии, навивачи, фудбалери, геодети и генерали после битката за спорни судиски одлуки наскоро ќе бидат минато откако видео технологијата на ФИФА форсира да ги преплави стадионите на планетава и фудбалот да го лиши од неправдата предизвикана со човечка грешка.

Откако беше на тест на Светското првенство во Русија, првото големо натпреварување на кое системот ВАР беше користен во сите натпревари, тој го минимизираше влијанието на човечка грешка во играта и резултатот.

Таа технологија од идната сезона ќе се користи и во Лигата на шампиони, на Евро 2020 како и на завршниот турнир на Лигата на нациите во 2021 година. Бројот на држави што го користат за сопствените натпревари во фудбалските лиги од година во година е се поголем.

А каде сме ние? Како и во многу други работи на дното.

Хрватска најави дека и во оваа сезона делумно ќе почне со употребата на ВАР како извесен тест. Судејќи според ситуацијата на нашите простори, ќе помине долго време додека на натпреварите во Ниш, Мостар, Нови Сад или Бања Лука ВАР системот ќе ги надминува судиските грешки. Барем додека УЕФА не го наметне како обврска.

Има многу причини за тоа – од постоечката инфраструктура, која е меѓу најлошите и најзаостанатите во Европа, па до цената на таа технологија која за клубови и сојузи од подрачјето на поранешна Југославија е превисока.

– Според старата пракса никој овде не им верува на судиите и сите знаат зошто. Меѓутоа со оглед на цената и многу лошата инфраструктура на стадионите во Србија, каде најголем дел се од средината на минатиот век, ќе се причека со воведување на системот ВАР во Суперлигата, вели Сашо Илијоски, спортски новинар во „Журнал“, „Спорт“’ и „Вечерње новости“ од Белград.

– Фудбалскиот сојуз на Србија е принципиелно за воведување на Гол тенологијата и ВАР, но едно се желбите а друго е реалноста. Српскиот фудбал може да го унапреди само приватизација. Од неа ќе произлезе и подобра инфраструктура и доследно почитување на сите пет фактори од тој систем, подобро чесно судење, а потоа и приближување до европските стандарди. ВАР технологијата би помогнала, но за прогрес на фудбалот потребни се нови стадиони, првокласни терени, тренинг центри и поголема доверба во лигата. За жал, за толку големи вложувања клубовите немаат пари, додава тој.

Според него, таа технологија може да си ја дозволат само два клуба во Србија – Партизан и Црвена Звезда, кои ја користеа во европските купови.

Колку чини лига да се покрие со видео технологија?

Како што ни објаснија од Фудбалскиот сојуз на БиХ, за 12 клубови од елитниот ранг, таа сума би била најмалку два милиони евра и тоа не е се – треба дополнително обука за судиите и службените лица, како и добра информатичка инфрасруктура за да работи системот како што треба. Тоа е причина поради која фудбалката лига во БиХ ќе чека до последен момент, односно додека тоа не стане барање на Меѓународната фудбалска асоцијација.

– Два милиони евра е најсниската цена која зависно од многу фактори може да биде и 20 милиони. Минималните услови за ВАР се четири камери од кои три стандардни и една зад голот. Цената зависи и од тоа дали имате една централна просторија за видео снимките за целата лига како што беше за Русија или пак репортажно возило покрај стадионот, вели Елмир Пилав, извршен директор на секторот на спорт во ФС на БиХ.

Бидејќи ВАР системот следната сезона ќе се користи во плејоф фазата од европските купови се поставува прашање како клубови од БиХ и Србија што ќе настапуваат во нив ќе го решат проблемот со недостигот на видеотехнологија? Како што неофицијално ни беше речено од ФСБиХ, УЕФА се уште не расправале за тој проблем, но постојат индиции за премостување така што УЕФА би вршела продукција на сигналот и податоци на теренот би испраќала директно во својата централа во Нион. Таму би ги анализирале и би го контактирале главниот судија за сугестии за спорни моменти. Со оглед на сите проблеми јасно е дека Србија и БиХ со воведување на ВАР ќе чекаат додека можат.

Додека во текот на натпреварот западно од нив одлуките на арбитерот на теронот ќе се надгледуваат во обид да се донесе најправедна одлука во спорни ситуации, во Србија и БиХ уште долго на трибините ќе се слуша – судија лопов!

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

(ВИДЕО) Миовски погоди за нов триумф без примен гол и историски резултат на Македонија во Лигата на нации

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ