По повредата на Диего Милито кој ќе отсуствува од терените околу 9 месеци, „нероаѕирите“ во своите редови сакаат да го доведат Руд ван Нистелрој.
„Sportmediaset“ најавува сензационален трансфер, според кој Интер сака да се засили со холанѓанецот.
Одличниот напаѓач се повлече од активна игра, минатото лето каде последната сезона ја помина во дресот на Малага.
Иако претседателот на Интер, Морати изјави дека нема да бара замена за Милито, извори блиски до клубот велат дека се прават големи напори да го вратат во активна игра холандскиот играч на „Џузепе Меаца“.