Њујорк никс добија големо засилување во крилниот центар Рашид Валас, кој се враќа на теренот по двегодишна пауза.
Триесет и осумгодишниот кошаркар, кој последен пат настапуваше за Бостон селтикс во сезоната 2009/10, потпиша договор со Њујорк никс, но деталите не се објавени.
Валас во текот на 15 сезони во НБА-лигата постигнуваше во просек по 14,6 поени и 6,7 скокови по натпревар.
Четирикратниот Ол стар-играч во текот на кариерата често влегуваше во судир со судиите, но е познат како многу добар соиграч и разновиден играч.
Тој во 2004 година беше еден од клучните играчи во освојувањето на титулата со Детроит пистонс.
Валас на клупата ѝ се придружи на речиси старата постава на Њујорк никс, меѓу која се Курт Томас (40), Џејсон Кид (39) и Маркус Кемби (38).