Вака би можел да изгледа Волво C90 купе

Од:

Магазинот за автомобилизам OmniAuto.it објави реднер со кој открива како би можел да изгледа Волво C90 купе.

Компанијата Волво го претстави концептот Купе во септември 2013 година и најави нов дизајнерски јазик кој дебитираше со продукцискиот автомобил во 2014 година, а тоа беше втора генерација на моделот XC90. Моделите S90 и V90 тој дизајн добро го искористија за пробив на пазарот, а сега е објавен и рендер кој навестува како би можел да изгледа Volvo C90 coupe.

Иако засега се работи само за фантазија, не е исклучена можноста за доаѓање на вакво купе во иднина. Кон крајот на минатата година потпретседателот на секторот за дизајн Томас Ингенлат рече дека купето може да се придружи на S90 седан и V90 караван, но дека тој проект за сега не е приоритет. Дури и ако добие „зелено светло‟, купето нема да се појави на пазарот пред 2020 година.

Причина за тоа е фактот дека Волво има неколку поважни автомобили во план. Замената за серијата 40 има повеќе потенцијал. Со оглед на тоа како изгледаат моделите S90 и V90, купето сигурно би било спектакуларно. 

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ