Ремко Меулендијк од студиото RM Car Design направи рендери кои навестуваат како би можел да изгледа кросовер Модел Y базиран на Моделот 3.
Кросоверот ќе стане нов член на семејството S3XY на Тесла, а ќе има карактеристичен еволуциски дизајн. Ќе биде препознатлив по изгледот на предниот дел со големи всисувачи на воздухот и дополнителни хромирани детали во однос на Модел 3. Меулендијк додаде и пластична заштита на каросеријата, елегантен кров и навистина убава врата на багажникот.
Со оглед на тоа дека Моделот Y ќе се темели на Моделот 3, може да се очекува електричен погон со врвна технологија, одлични перформанси и импресивен дострел. Детали се уште нема, но Модел 3 забрзува до 100 км на час за помалку од 6 секунди и со едно полнење на батеријата може да помине 346 км.
Цената исто така е мистерија, а со оглед на тоа дека Модел 3 чини 35.000 долари, може да се очекува Модел Y да чини 40.000 долари кога ќе се појави на пазарот за неколку години.