На денешниот супервелеслалом кај дамите кој во рамките на Светскиот Куп се одржа во германскиот ски-центар, Гармиш Партенкирхен, изненади натпреварувачката од Лихтенштајн, Тина Вајратер која патеката ја мина со време од 1 минута 19 секунди и 82 стотинки.
Втората позиција на подиумот ја поделија Џулија Манкузо и Тина Мазе кои зад победничката заостанаа 12-стотинки.
Токму словенката Мазе е лидер во дисциплината со 370 бодови, 75 повеќе од скијачката со која денеска ја поделија втората позиција Манузо.
Во генералниотп пласман со 1924 бодови Мазе веќе го обезбеди трофејот за оваа сезона, а за Словенката до крајот на Купот останува да го надмине рекордот на Херман Мајер кој во 2000-тата година во една сезона освои 2000 бодови.