В90 продолжувач на традицијата на познатите каравани на „Волво“

Од:

„Волво“ ги почна подготовките за промоција на моделот В90, најавена за 18 февруари, со потсетување на долгата историја на возилата караван на овој шведски автопроизводител. 

Ова претставува нов пристап на промоција на едно возило од оние на кои сме навикнати, бидејќи акцентот е ставен на неговите претходници.

Волво 1

„Волво“ за таа цел организираше „кусо патување низ историјата“, потсетувајќи на најзначајните каравани кои овој шведски производител ги лансираше во изминатите 60 години.

Волво 2

 

Во тој период, од фабричката лента на патиштата ширум светот се симнале над 60 милиони каравани, што е една третина од сите произведени „Волво“ автомобили од основањето на компанијата во 1927 година.

Волво 3

 

Низата значајни и успешни автомобили со каросериска форма која едно време беше заштитен знак на шведската марка, почна со „Дует“ од 1953 година, за да продолжи со „Амазон“ во 1962, моделот „1800 EС“ во 1971 и „245“ во 1974 година.

Волво 4

Деведесетите години го донесоа познатото „Волво 960“, како и моќниот модел „850 ТП-Р“ со ограничена серија, кој се продаваше само во текот на 1994 година. Овој модел имаше мотор со 240 коњски сили, а за забрзување од 0 до 100 километри на час му беа потребни 6,9 секунди.

Волво 5

Најновиот член на семејството на „Волво“ караваните, В90 ќе дебитира на 18 февруари на презентација која ќе се одржи во Стокхолм, а пред публиката  првпат ќе се појави на Саемот на автомобили во Женева во првата половина на март.

Автомобилот се темели на луксузната лимузина С90, со која ќе ја дели и палетата на мотори – четирцилиндерски 2.0 литарски бензинци и дизелаши, вклучувајќи го и хибридниот погонски систем со вкупно 410 коњски сили.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ