В сабота прв маратон во кајак и веслање во Охридското Езеро

Од:

Во организација на кајак-кану клубот „Дрим“ од Струга во соработка со Меѓународната организација за пловни објекти НСС и Меѓународната здравствена организација „Менс сана ин корпоре сано“  в сабота во водите на Охридското Езеро ќе се одржи првиот маратон во кајак и веслање во должина од 14 километри.

Стартот е предвиден во 8 часот од пристаништето на хотел „Дрим“, а целта е во Охрид, до пристаништето кај „Свети Јован Канео“.

Право на учество, според Игор Малески од кајак-кану клубот „Дрим“, имаат сите спортисти пријавени во спортски федерации со претходни здравствени прегледи.

– Ќе учествуваат натпреварувачи со кајак, кајак-кану и веслачки објекти. Ако има барање за учество и од друг вид спортски пловни објекти на рачен погон ќе бидат добредојдени. Сметам дека маратонот ќе биде нешто ново на овие краишта, што идната година би прераснало во помасовно, изјави Малески.

За идната година, најави дека планираат маратонот да премине во Меѓународна манифестација со учество на екипи од регионот што ќе придонесе за промоција на спортот на Охридското Езеро.

Би можело да ве интересира

Срби се истепале пред ноќен клуб во Охрид

Измамник од охриѓанка зел скоро 5.000 евра

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид