Со натпреварите од воведното коло претстојниот викенд почнува јубилејната 30. сезона во Првата македонската кошаркарска лига во машка конкуренција.
Титулата ја брани МЗТ Скопје Аеродром, а меѓу 12 клубови првпат во прволигашката конкуренција ќе дебитираат скопските екипи Феникс 2010 и Ангели.
Најтрофеен клуб со 15 титули е Работнички, пред градскиот ривал МЗТ Скопје Аеродром со осум, а низ историјата трофејот го освојуваа и Фени Индустри во четири наврати и по еднаш Никол Ферт и Струмица.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
ДВОЈКИ 1. КОЛО
2. ОКТОМВРИ (САБОТА):
14.00: Феникс 2010 – Навико Академија ФМП
Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје
16.30: МЗТ Скопје Уни Банка – Работнички
Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје
18.00: Еуро Никел 2005 – Гостивар
Сала „Јасмин“ – Кавадарци
3. ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА):
18.30: Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром
Сала „Младост“ – Битола.