Успешен тест за „црвено-црните“ пред дуелот со Зенит

Од:

Фудбалерите на Вардар попладнево на домашен терен го победија Силекс со 3:1 во првиот дуел од 4.коло на Првата македонска фудбалска лига.

Стрелци на головите за шампионот беа Грнчаров, Барсегјан и Глигоров. Токму Глигоров имаше многу мотиви на овој меч, со оглед дека беше 200-ти официјален настап во вардаровиот дрес. Голот за Силекс го постигна Ѓорѓевиќ.

За Вардар дуелот со гостите од Кратово беше последен тест пред дебито во Лига Европа со Зенит на 14 септември во Скопје.

Другите натпревари од 4. Коло во ПМФЛК се играат утре:
Академија Пандев – Ренова,
Пелистер – Скопје,
Шкупи – Работнички,
Шкендија – Победа.

Табела: Шкендија 9 бода, Пелистер 7, Вардар 6, Силекс 6, Академија Пандев 4, Победа 3, Работнички 2, Ренова 2, Скопје 1 и Шкупи 1.

Би можело да ве интересира

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска

Бод против Бугарија во Разград: Македонија беше подобра, но не победи

А1он

Пеналите одредија три полуфиналисти во македонскиот куп

А1он

Четвртфиналните натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија се одигруваат утре

А1он

Милевски: Италија е фаворит, но за исходот ќе се прашуваме и ние

А1он

Пораз на македонските фудбалерки од Северна Ирска

А1он