Уште еден шок во Париз: Испадна и Медведев

Од:

По елиминацијата на Карлос Алкараз, нов шок на Мастерсот во Париз. Рускиот тенисер Даниил Медведев го заврши учеството во Берси веќе во второто коло откако денеска беше поразен од Григор Димитров. .

И овој пат Медведев направи хаос на теренот, се расправаше со навивачите, удираше со рекетите, сето тоа затоа што не играше ни приближно на нивото што обично го покажува на бетон. Поради ова, неговото учество на последниот Мастерс годинава заврши во раната фаза, така што во делот од ждрепката во кој го нема Новак Ѓоковиќ – остана без „видените“ полуфиналисти. Истовремено, тоа значи дека доколку Ноле стигне до финалето, тој ќе игра против тенисер каков што никој не очекуваше.

Димитров во третото коло ќе игра против Бублик, додека најголемото име на оваа страна на ждрепката останува Стефанос Циципас, седмиот носител.

Би можело да ве интересира

Проблеми за Медведев: Се повлече од турнирот поради повреда на рамото

Медведев беше пред елиминација – пресврт по три часа борба

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Медведев се одмазди и го победи Синер на Вимблдон

Горан Наумовски

Рускиот тенисер Данил Медведев ја брани титулата на турнирот во Дубаи