Уште еден нов играч во Металург

Од:

Хрватскиот ракометар  Марко Бувиниќ е најновото засилување на македонскиот шампион Металург. 22-годишниот Бувиниќ игра на позиции десен бек и десно крило, а доаѓа од екипата на Пореч.

Тој е поранешен младински и кадетски репрезентативец на Хрватска.

– Дојдов во голем клуб чии резултати ги пратам неколку години. Целта ми е да учам и да напредувам во својата кариера. Моменталните проблеми во клубот не ме загрижуваат, бидејќи повторувам, овде дојдов за да станам подобар ракометар. Се надевам дека ќе можам да помогнам во реализацијата на клупските планови и очекувам дека ќе избориме ново учество во Лигата на шампионите, следната сезона, изјави за клупската веб страна новиот член на Металург.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он