Уште еден мега трансфер на Блискиот Исток: Садио Мане станува соиграч на Роналдо

Од:

Поранешниот играч на Баерн, Садио Мане наскоро ќе стане нов играч на Саудиска Ал Наср, објави познатиот италијански новинар Фабрицио Романо на својот официјален профил на Твитер.

Тој ќе потпише тригодишен договор со Ал Наср според кој ќе заработи 75 милиони евра. Таа информација го рангира меѓу најплатените фудбалери во светот.

Сенегалецот ќе биде ѕвезда на тимот покрај Кристијано Роналдо и Марсело Брозовиќ.

Пред него, опремата на клубот од Блискиот Исток ја позајми поранешниот фудбалер на Ленс, Секо Фофана.

Минатата сезона за баварскиот тим одигра 38 натпревари во сите натпреварувања и успеа да постигне 8 гола со 6 асистенции.

Да потсетиме, овој брзоноги фудбалер во својата кариера покрај гореспоменатите екипи настапуваше и за Мец, Салцбург, Саутемптон и Ливерпул.

Би можело да ве интересира

Барселона ќе го купи Мане од Ливерпул ако Меси си оди

Жарко Настоски

Мане донесе втора награда на Ливерпул во Премиер лигата за месец март

Објавени номинациите за најдобар африкански играч на годината

Наум Локоски

Садио Мане успешно опериран

Наум Локоски