Објавени номинациите за најдобар африкански играч на годината

Од:

Англискиот медиум Би-Би-Си, кој ја доделува наградата за Најдобар африкански фудбалер на годината, ги објави петмината номинирани за носител на признанието за 2018-та.

Тоа се ѕвездите на Ливерпул Мохамед Салах (Египет) и Садио Мане (Сенегал), дефанзивеците на италијанските клубови Јувентус и Наполи – Меди Бенатија (Мароко) и Калиду Кулибали (Сенегал), како и халфот на Атлетико Мадрид – Томас Партеј (Гана).

Фаворит е Салах, кој ја освои наградата и минатата година, а како негов главен конкурент е клубскиот колега на „Енфилд“, Мане.

Гласањето е до 2-ри декември, а победникот ќе стане познат на 14-ти.

Би можело да ве интересира

Салах ќе „паузира“ неколку недели

Горан Наумовски

Салах: Сакам да го освојам Африканскиот куп на нации, сакам да играм за Египет

Ливерпул одби 150 милиони фунти за Салах

Уште еден мега трансфер на Блискиот Исток: Садио Мане станува соиграч на Роналдо

ВИДЕО: Навивач со моторна пила направи хаос на трибините

Предраг Петровиќ

Жестоки навреди за Салах затоа што со семејството се сликаше пред божиќна елка