Пристигна уште една непријатна информација за „Моделот С“ на комапнијата „Тесла Моторс“.Овој пат електричниот автомобил се запалил во Франција и изгорел на патот и тоа во текот на рутинско тест возење.
Карванот на „ Тесла“ минува низ Франција во рамки на промотивната турнеја „Електричен роуд трип“, а еден од заинтересираните возачи не си поминал многу добро кога ја добил можноста да седне зад воланот на „Моделот С“.
Според досега достапните информации, во текот на возењето во возилото се слушнал силен звук, а на екранот се појавило предупредување за проблеми со напојувањето.
Промотерот на „Тесла“ изјавил дека возачот го запрел возило, а штом двајцата безбедно излегле, автомобилот се запалил.
Компанијата соопшти дека го испитува инцидентот.