Остануваат уште 10 дена до крајниот рок за пријавување на Виз Ер Скопскиот маратон, 31-ви март, датум после кој цените се зголемуваат и рок до кога може да се искористи можноста името на натпреварувачот да биде испишано на стартниот број.
– Виз Ер Скопскиот маратон претставува едно од најголемите натпреварувања кое се организира во Македонија. Виз Ер Скопскиот маратон ги урнува темелите на конвенционалното и прераснува во настан од глобален размер исполнет со конкуренција и забава. Голем дел од учесниците кои се натпреваруваа во претходните маратони се изјаснуваат дека денот кога се одржува маратонот никогаш нема да го заборават, соопштија денес организаторите на големиот спортски настан.
Насловниот спонзор Виз Ер и годинава на секој учесник ќе му додели вредносен ваучер од 20 евра за купување на авионски билети преку нивната официјална страна. Овие ваучери после успешна регистрација се праќаат на мејл адреса, која учесникот ја остава при процесот на регистрација. Оние што досега се имаат пријавено, исто така, ќе ги добијат ваучерите на своите мејл адреси во следните неколку денови.
Пријавувањето и регистрацијата за Виз Ер Скопскиот Маратон 2017 ќе може да се изврши преку официјалната веб страна на Виз Ер Скопскиот Маратон http://skopskimaraton.com.mk/ и преку партнерот за онлајн регистрација на Виз Ер Скопскиот Маратон, www.smartrace.club.
Потсетување дека се уште е во тек и пријавувањето за Авицена Женксата трка која ќе се одржи на 9 април.