US Open: Ѓоковиќ преку Лопез во полуфиналето, Серена подобра од Венус во сестринското четвртфинале

Од:

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во полуфиналето на Грен Слем турнирот во Њујорк откако утрово оствари победа од 3:1 во сетови против Фелицијано Лопез.

Со овој триумф тој се избори за полуфинале, каде ривал ќе му биде ланскиот шампион Марин Чилиќ.

Србинот го доби првиот сет со 6:1 во гемови, а Лопез изедначи откако го доби сетот со 6:3. Во следните два Ѓоковиќ беше подобар со 6:3 и 7:6 (7:2).

Повеќе неизвесност имаше во четвртфиналето меѓу Марин Чилиќ и Жо Вилфред Цонга. Актуелниот шампион на US Open Чилиќ поведе со 2:0 во сетови (6:4 и 6:4), а Цонга изедначи на 2:2 (6:3 и 7:6) притоа спаси меч топки на ривалот во четвртиот сет. Во решавачкиот сет Чилиќ беше подобар со 6:4 во гемови.

На женските мечеви одиграни ноќеска во сестринското четвртфинале Серена Вилијамс ја победи Венус Вилијамс со 2:1 во сетови (6:2; 1:6; 6:3) и е на две победи до четвртата Грен слем титула во годината.

Во второто четвртфинале Роберта Винчи ја совлада Кристина Младеновиќ со 2:1 во сетови (6:3; 5:7 и 6:4). Винчи ќе биде пречката за Серена Вилијамс до финалето.

Денеска се играат другите четвртфинални мечеви во двете конкуренции.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го совлада Медведев и ја освои 24 Грен слем титула

ВИДЕО: Коко Гоф го освои УС Опен

Алкараз: Се предомислив, треба уште да учам

ВИДЕО: Ѓоковиќ му ја спушти слушалката на Шелтон-реакција за начинот на прослава на победата

Предраг Петровиќ

Медведев го елиминира Алкараз и закажа финале со Ѓоковиќ!

Предраг Петровиќ

Џере поведе со 2-0, а Новак се налути и сврте на 3-2