УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Од:

По оставката на претседателот Муамед Сејдини, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија организираше итна седница и закажа Вонредно изборно собрание за избор на претседател на 22 декември.

На Вонредното изборно Собрание на ФФМ на 22.12.2024 ќе се констатира оставката на актуелниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини и ќе се избере претседател на Фудбалската федерација на Македонија. Тоа многу веројатно ќе биде Масар Омерагиќ, поранешен фудбалер и член на УО на ФФМ.

„После седум извонредни години исполнети со историски достигнувања, решив да се повлечам од позицијата претседател на Фудбалската федерација на Македонија. Одлуката е резултат на моето размислување дека дојде момент за промена, после период што ќе остане запаметен како најуспешен во историјата на нашиот фудбал.

Заедно со вас, испишавме златни страници за македонскиот фудбал: историското учество на Европското првенство ЕУРО 2020, второ место во квалификациската група за Светско првенство и незаборавната победа над Италија во Палермо, успесите во Лигата на нации со пласман во Лига Б и реализацијата на бројни инфраструктурни проекти во соработка со УЕФА и ФИФА.

Ја напуштам оваа позиција со гордост и огромна благодарност до сите кои придонесоа за овие успеси: фудбалерите, селекторите, клубовите, инвеститорите, администрацијата, членовите на Управниот одбор и секој љубител на фудбалот.

Јас ќе продолжам да ја извршувам својата улога до 22. декември, кога на Вонредно Собрание ќе биде избран мојот наследник.

Со целосна верба во иднината на Федерацијата и македонскиот фудбал, од срце ви благодарам за поддршката и соработката во изминатите години”, се вели во изјавата на Муамед Сејдини објавена на веб-сајтот на ФФМ.

Би можело да ве интересира

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Нападот на Сејдини е без преседан, тој е истакната спортска личност и првиот Албанец на чело на ФФМ

Горан Наумовски

ФФМ: Длабоко сме загрижени и го осудуваме националистичкo скандирањe на Мирлинд Даку

Горан Наумовски

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

A1on

ФФМ донесе одлука: Шкендија доби службена победа, а стадионот „Чаир“ доби суспензија

Шкупи и Шкендија нема да го доиграат натпреварот, одлуки ќе носи ФФМ

Катерина Ѓуровски