Украдени и понудени на продажба медицинските извештаи за Шумахер

Од:

Сабине Кем, менаџерката на седумкратниот свестки шампион во Формула 1 Михаил Шумахер рече дека е украдена лекарската документација за германскиот возач и истата е ставена на продажба.

– Веќе неколку дена на продажба се нудат медицински извештаи за кои се тврди дека се на Михаел Шумахер. Не знам дали луѓето кои ги поседуваат тие документи се искрени и дали тоа се оригинали, но кражба на документацијата се случила и за тоа е известена полицијата, истакна Кем.

Германските медиуми пишуваат за намерата на менаџерката да поднесе кривична пријава против секој поединец кој ќе објави и најмал детаљ од медицинските извештаи за поранешниот светски првак во Ф1.

Шумахер на 29. декември минатата година по пад на скијање во француските Алпи тешко се повреди. Во Гренобл над него беа извршени две операции на главата и беше ставен во вештачка кома. На 16 јуни се разбуди од кома и оттогаш префрлен е во Лозана на понатамошен третман.

Би можело да ве интересира

Жан Тод два пати месечно оди во посета кај Шумахер, заедно гледале Ф1 трки

Лекар ја откри главната причина за влошената состојба на Михаел Шумахер

Ана Ололовска

Тод: Го видов Шумахер, се надевам дека целиот свет ќе може да го стори истото

Ландов

Шумахер ќе биде опериран во Франција, докторите се надеваат дека ќе го вратат во нормала

А1он

Првото Ферари на Шумахер ставен на аукција

Ана Ололовска

Италијански неврохирург: Шумахер е непрепознатлив

Ана Ололовска