УЕФА: Загрижени сме поради насилството во Србија

Од:

Член на Извршниот комитет на Европската фудбалска унија (УЕФА), Григорис Суркис денес во Стара Пазова изјави дека се загрижени поради обемот на насилството на трибините на стадионите во Србија и додаде дека во иднина се можни суспензии.

-Извршниот комитет на УЕФА е загрижен поради толкавото насилство на трибините во Србија. Главен фактор кој претставува пречка за решавање на тие прашања е недостатокот на одлучност. Државните органи треба јасно да преземат мерки. УЕФА повикува на разбирање кај власта и Фудбалскиот сојуз на Србија- истакна Суркис пред делегатите на ФСС.

Функционерот на УЕФА предложи да се формира работна група на ниво на поголем број на служби, кои до крајот на мај ќе го разгледаат програмот за законските мерки и инсфраструктурата за спречување на насилство на стадионите.

-За тоа ќе разговарам со премиерот на Србија, Ивица Дачиќ. Групата би ја нарекол „Група за брза реакција“, а ќе ја сочинуваат претставници на Министерството за млади и спорт, судии и обвинители – истакна тој.

Тој кажа дека проблемот со насилство е толку „алармантен“ што претседателот на УЕФА, Мишел Платини побара поддршка од српската влада.

-Во иднината може да се зборува и за исклучување на српски претставници од натпреварувањата на ФИФА и УЕФА – изјави Суркис.

Србија изрази желба во 2020 година да биде еден до домаќините на Европското првенство.

-Изградете национален стадион, средете ги навивачите, исфрлете ги лошите појави и ќе ги остварите посакуваните цели, 2020 година да бидете еден од домаќните – им рече на делегатите Суркис.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година

УЕФА го казни Партизан со 40.750 евра поради инциденти со навивачите на мечот против Лугано

УЕФА ги суспендираше Мората и Родри