УЕФА во среда ќе одлучува околу жалбата на Шалке

Од:

После официјалната жалба што ја упатија челниците на Шалке до УЕФА поради настапот на Дидие Дрогба во дресот на Галатасарај во осминафиналето од Лигата на шампионите, наскоро се очекува одлука.

Искусниот напаѓач кој оваа зима дресот на Шангај го замени со оној на Галатасарај и понатаму е предмет на расправа, бидејќи фудбалерот на Брегот на Слоновата Коска има важечки договор со кинескиот тим, па наводно сите обврски кон него се исполнети.

И покрај тоа, ФИФА на овој поранешен напаѓач на Челси му издаде лиценца за настап во Лигата на шампионите, а димот од Гелзенкирхен поради тоа одлучи да побара темелна истрага, која на крајот може тешко да и падне на турската екипа, бидејќи ако се пресуди во корист на Шалке, резултатот на првиот натпревар кој се одигра во Турција ќе биде регистриран со резултат 3:0 за германците.

Она што не иде во прилог за Галатасарај е тоа што секој клуб кој се квалификуваше, имал рок да пријави нови играчи најдоцна до 1. февруари, а турскиот тим го пријави Дрогба дури 11 дена подоцна.

Реваншот помеѓу Шалке и Галатасарај е на програма на 12. март во Гелзенкирхен.

Би можело да ве интересира

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски

Фудбалерите на Реал Мадрид по деветти пат станаа светски клупски шампиони