УЕФА веќе не дозволува учество во Лига Европа за финалисти во националните купови

Од:

Одделот за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија ги информира екипите учесници во националниот куп за промените кои ги донесе УЕФА, а се однесуваат на пополнување на местата на УЕФА Европа Лига, поконкретно за правилото финалист на КУП.

Почнувајќи од УЕФА сезона 2015/16 правилото за финалист за КУП гласи: „Доколку победникот на домашниот Куп за сезона 2014/2015 обезбеди пласман во УЕФА Лига на шампиони преку домашно натпреварување, тогаш место во УЕФА Европа лига добива следниот на табела кој не изборил пласман во УЕФА Европа лига“.

Досега во случај куп победникот да обезбеди пласман во Лига Европа, следен кој добиваше право за настап во второто по квалитет европско клупско фудбалско натпреварување беше финалистот на националниот куп.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година

УЕФА го казни Партизан со 40.750 евра поради инциденти со навивачите на мечот против Лугано

УЕФА ги суспендираше Мората и Родри