Европската фудбалска унија (УЕФА) денеска соопшти дека одлучила да го повлече финалето од Лигата на шампионите во 2027 година од стадионот „Сан Сиро“ во Милано.
Како што се наведува во соопштението, УЕФА не добила гаранции од градските власти на Милано дека реконструкцијата на стадионот ќе биде завршена до 5 јуни 2027 година, кога е планирано финалето.
„Бидејќи градските власти на Милано не можеа да гарантираат дека нема да има работа и реконструкција на стадионот „Сан Сиро“ и неговата околина во текот на 2027 година, во периодот на финалето на Лигата на шампионите, беше одлучено на Милан да не му се додели организацијата на финалето, и дека натпреварувањето за домаќини ќе биде повторно отворено и конечната одлука ќе биде донесена во мај или јуни 2025 година“, објави УЕФА на својата официјална веб-страница.