УЕФА со тешки казни за Лацио и Шахтјор поради расизам

Од:

Европската фудбалска асоцијација ги казни украински Шахтјор и италијански Лацио да затворат дел од стадионите во натпревари од клупските натпреварувања за следната сезона поради расистичко однесување на нивните навивачи.

Санкцијата за Украинците е поради банер поставен од навивачите со десничарската политичка порака за време на натпреварот со Ајнтрахт Франкфурт од турнирот Лига Европа.

Приврзаниците на Лацио пак демонстрираа нацистички поздрави од трибините на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“ за време на гостувањето во Севиља во февруари.

УЕФА испрати детални инструкции до двата клуба за тоа колку и кои сектори треба да се затворат. За Шахтјор ќе биде трибината, на која е подигнат дискриминаторскиот и расистички банер. Исто така на оваа трибина на стадионот „Металист“ во Харков треба да биде поставен банер со натпис „Equal Game“ и логото на УЕФА.

За користење на пиротехника, клуботод Доњецк беше казнет со 10.000 евра. Конкретната средба заврши 2:2, а Германците го освоија реваншот со 4:1, а повторно имаше и судири меѓу двете навивачки групи.

Што се однесува до Лацио, клубот добил и парична казна од 20.000 евра.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он