УЕФА расправаше за иницијативата на ФФМ за регионално натпреварување

Од:

Претседателите и генералните секретари на сите членки на УЕФА, како и водечките луѓе на Европската фудбалска асоцијација на чело со Мишел Платини на дводневен стратешки состанок на Малта разговараа околу клучните фудбалски теми и предизвици со кои се соочува европскиот фудбал.

На дневен ред, меѓу другото се дискутираше и за регионално клупско натпреварување, предлог иницијатива која Фудбалската федерација на Македонија ја достави до УЕФА и веќе го презентираше пред надлежните структури во УЕФА.

Водечките луѓе на националните европски федерации на состанокот на Малта разговараа за зајакнување на соработката и поддршката од маркетинг одделот на УЕФА за асоцијациите, евалуација на досегашните модели на клупските натпреварувања во рамки на УЕФА и средствата наменети за клубовите.

По завршувањето на работниот дел од состанокот на стадионот „Луксол“ се одигра натпревар помеѓу претседателите и генералните секретари на федерациите членки на УЕФА.
Судии на натпреварот беа првите луѓе на федерациите на Шведска и Холандија, поранешниот професионален арбитар, Карл-Ерик Нилсон и Михаил ван Праг. Тимот на претседателите го доби натпреварот со 10:9, а првиот човек на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски беше прогласен за играч на натпреварот.

Збигњев Боњек од Полска, Грузиецот Реваз Арвеладзе, Давор Шукер од Хрватска беа меѓу стрелците на головите.

Би можело да ве интересира

Горан Пандев спортски директор на националните селекции

Катерина Ѓуровски

Масар Омерагиќ е нов претседател на ФФМ

Македонија против Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн ќе бара виза за СП2026

А1он

УЕФА строго го казни ФСС поради натпреварите со Швајцарија и Данска

Горан Наумовски

Масар Омерагиќ единствен кандидат за претседател на ФФМ

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово