Европската фудбалска федерација размислува да го смени распоредот во евро-куповите, објави „АС“.
Средбите од Лигата на шампионите кои сега се играат во вторник и среда можат да бидат презакажани за време на викендот. Наместо тоа, натпреварите од националните првенства би се играле во вторник и среда, е идејата на УЕФА.
Таквата одлука може да се донесе поради можното создавање на Супер лига, во која ќе учествуваат 16 европски врвни клубови.
Ова ќе биде затворен турнир. Единаесет екипи, Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Јунајтед, Челзи, Арсенал, Манчестер Сити, Ливерпул, ПСЖ, Јувентус, Милан и Баерн Минхен би биле со загарантирано место секоја сезона, додека пет екипи ќе бидат во улога на гости. Тоа се Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Марсеј, Интер и Рома.