Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), покрена дисциплинска постапка против екипите на Слован од Братислава и Спарта од Прага.
Причината поради која УЕФА покренува постапка против овие два тима се нивните навивачи за време на меѓусебниот натпреварот од Лига Европа одигран пред минатата седмица.
Натпреварот во Братислава беше прекинат во 40-минута, поради судир навивките групи, фрлање на пиротехнички средства на теренот и интервенција на полицијата
Екипата на Спарта го дови мечот со 3:0 со головите постигнати во второто полувреме.
Пред овие два тима, УЕФА покрена и дисциплинска постапка против екипата на Металист од Харков поради расистичкото навивање на нивните симпатизери на дуелот против полската Легија, исто така во Лига Европа.