Фудбалскиот клуб Јувентус денес потврди дека Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) отвори постапка против него за кршење на финансискиот фер-плеј и очекува казна.
Јувентус очекува казна за кршење на правилата на УЕФА, што може да доведе до забрана или ограничување за потпишување нови играчи во сезоната 2026/2027, објавија денес италијанските медиуми.
Црно-белите го потврдија прекршувањето во соопштение поврзано со објавувањето на билансот на состојба за финансиската година што завршува на 30 јуни 2025 година, бидејќи документацијата содржеше потврда дека клубот прекршил параметар од Правилата за заработката на играчите.
Јувентус доби потврда од УЕФА на 18 септември дека е отворена постапка против клубот за потенцијално кршење на правилата во периодите 2022-2023 и 2024-2025 година.
Исходот од постапката се очекува напролет 2026 година и може да доведе до казна, која нема да биде голема. Позагрижувачко би било воведувањето ограничувања за потпишување нови играчи за натпреварувањата на УЕФА.
Клубот од Торино во соопштение потврди дека нема понатамошни значајни прекршувања на правилата за финансиски фер-плеј.
Клубот се придржуваше до коефициентот на трошоци за играчи од 80 проценти за 2024 година и е на добар пат да го исполни ограничувањето од 70 проценти за 2025 година.
Јувентус испадна од Конференциската лига за сезоната 2024/2025, што им овозможи да избегнат финансиски неправилности што доведоа до одземање бодови во Серија А, објавува „Спортски журнал“.